Кире Ристевски: Ме радува што одбраната функционира беспрекорно

ЕКИПА во Белек,

Никола Ѓуровски

Фудбалската репрезентација на Македонија утре (18 часот по македонско време) го игра вториот пријателски натпревар на мини – турнејата во Турција. Противник е селекцијата на Азербејџан, а нашите репрезентативци се фаворити на овој дуел. Дефанзивецот Кире Ристевски очекува квалитетот да биде докажан на теренот, но и прикажан на семафорот по завршувањето на мечот.

„Поквалитетни сме од Азербејџан. Противникот нема во своите редови некои звучни имиња, но ние размислуваме за нашата игра и сакаме со позитивен резултат да ја задржиме позитивната атмосфера која владее кај нас. Мислам дека ако влеземе максимално борбено на овој дуел, не би требало да имаме проблеми да оствариме триумф. Ме радува фактот што одбраната функционираше речиси беспрекорно против Финска, и очекувам слично издание и утре, против Азербејџан. Се надевам дека и нападот ќе биде многу поуспешен“, изјави Кире Ристевски во пресрет на вториот пријателски натпревар на нашиот национален тим.

Се вчитува...