Киргиос го исфрли Надал од Синсинати

Рафаел Надал е елиминиран во четвртфиналето од Мастерс-турнирот во Синсинати, откако Шпанецот не успеа да најде лек за извонредните сервиси на Ник Киргиос, па загуби од австралискиот тенисер со 0-2 во сетови (2-6, 5-7). За двајцата тенисери ова беше втор меч за неколку часа, бидејќи претходно ги играа своите осминафинални пресметки одложени поради дожд од четвртокот.

Киргиос имаше многу потешка задача, едвај совладувајќи го Иво Карловиќ, но Австралиецот влезе максимално фокусирано во пресметката со Надал, поведе со 3-0 во првиот сет и играше одлично се до самиот крај, стигнувајќи до втората победа во кариерата над шпанскиот тениски ас.

Кога играте на Централниот терен во Синсинати против Рафаел Надал, јасно е дека морате да го дадете најдоброто од себе“ – изјави Киргиос, кој во полуфиналето ќе се сретне со Давид Ферер, кој славеше со 2-0 над Тием.

Надал и покрај овој четвртфинален пораз од понеделник ќе се искачи на првото место на АТП-листата.

Се вчитува...