Кирјос: Ако не го победиш Ѓоковиќ, не си вистински шампион

Австралискиот тенисер Ник Кирјос порача да не се прават бирократски пречки за Новак Ѓоковиќ да учествува на гранслем турнирите во 2023 година, откако Србинот не беше во можност да настапи на Австралија Опен и на УС Опен.

Ѓоковиќ ќе може да биде дел од гранслем турнирот во Мелбурн во 2023 година, нешто што според Кирјос е многу позитивно за тенискиот спорт.

„Мислам дека Новак мора да игра без оглед на се, оние работи од лани не смеат да се повторат. Тој е еден од најдобрите тенисери во историјата и се додека е на турнирите, треба да игра против нас. Како натпреварувач јас сакам тој да биде тука, затоа што ако не го победиш Ѓоковиќ, тогаш треба да ти е јасно дека не си вистински шампион“, изјави Кирјос, кој годинава стигна до финалето на Вимблдон, каде загуби токму од српскиот тениски великан.

Се вчитува...