Кирјос: Да освојам грен-слем титула и одам во пензија

Австралијанскиoт тенисер Ник Кирјос се надева дека 2023 година ќе биде далеку подобра од 2022. Контроверзниот 27-годишник во неа стигна до финалето на Вимблдон, но не успеа да слави против Новак Ѓоковиќ.

Говорејќи за медиумите во Австралија тој откри дека луѓето очекуваат повеќе од него по пласманот во финалето на Вимблдон, а и тој самиот е горд на успехот. А, доколку освои грен-слем титула не ја исклучува и можноста за пензија.

„Се надевам дека може да освојам Грен-слем и да одам во пензија. Дали би се согласил 2023 да биде иста како 2022? Искрено не сум сигурен. Ми беше потребно многу напорна работа и многу дисциплина. И ми се чини дека што повеќе остваруваш добри резултати, луѓето бараат уште повеќе од тебе. Но, вистина е и дека многу добро се забавував оваа година. Се гордеам со тоа што играв финале на грен-слем“, вели Кирјос.

Се вчитува...