Кирјос дивееше и ја навредуваше публиката, па му се впушти и на противникот

Тенискиот меч меѓу Ник Кирјос и Каспер Руд доби свое продолжение, а сето тоа поради неспортското однесување на Кирјос и навредите кон публиката на која се жалеше во текот на целиот натпревар.

Токму поради дрскиот однос кон публиката доби казна од еден одземен гем, по што фрли и столче на теренот па почна да дивее. Потоа сам го напушти теренот свесен дека ќе биде дисквалификуван, а при заминувањето и самиот доби навреди и свирежи од присутните гледачи.

Каспер Руд по мечот истакна дека сето ова што го прави Кирјос е веќе досадно и само повторно потврдува дека е идиот на теренот. Австралиецот со грчки пасош не му остана должен.

„Следниот пат кога ќе сакаш да ми кажеш нешто, кажи ми во лице. А после тоа никогаш повторно не би зборувал, во тоа сум сигурен“ – вели Кирјос.

Се вчитува...