Кирјос ќе игра на Ролан Гарос само поради неговата девојка

Австралискиот тенисер Ник Киргиос за прв пат по 2017 година ќе игра на Ролан Гарос, а причината за тоа не е исклучиво тенисот.

Кирјиос, кој често јавно зборуваше дека не сака да игра на земјена подлога и често го прескокнуваше тој дел од сезоната, ќе игра на вториот гранд-слем турнир во сезоната во 2023 година.

„Мојата девојка сака да се запознае со Париз, па ќе играм на Ролан Гарос. Ќе биде добро да заработам нешто повеќе, иако повеќе би сакал да останам дома. Знам дека можам да имам добри резултати на земјена подлога. Ги победив Роџер, Вавринка, играв финале на Есторил… Мојата девојка сака да го запознае градот, па ќе се обидам годинава во Париз“, изјави Кирјос. 

Турнирот во главниот град на Франција почнува на 28. мај, а титулата од минатата година ја брани Рафаел Надал.

Се вчитува...