Кирјос: Пиев, се дрогирав и сакав да се самоубијам

Австралискиот тенисер Ник Кирјос своевремено важеше за еден од најдобрите светски тенисери. На врвот на кариерата беше 13. на АТП лигата, но лошиот темпарамент комбиниран со животните потешкотии не му дозволи да го исполни потенцијалот во целост.

Токму за тоа говореше и во интервју за „Канал 9“ во кој ја кажа својата животна приказна. Откри дека се борел со депресија, имал и самоубиствени мисли, а и не бил задоволен од начинот на кој публиката до поживувала.

„Навистина се трудам и понекогаш тоа е многу тешка битка за мене. Понекогаш се будам спремен на се, а понекогаш едноставно не сакам да искочам од собата. Се соочувам со проблеми кои ги имаат сите луѓе, но и сум прилично горд со тоа. Во 2019 година имав тешки проблеми и беше навистина сериозно. До мера до која ја повредив раката, а тоа не е добро. Постојано се чувствував дека ги предадов сите блиски. Се чувствував безвредно и се мразев себе си. Користев големи количина на алкохол и дрога. Не беше лесно ни во 2020 година, имав самоубиствени мисли, бев осамен, депресивен, негативен и не бев во контакт со пријателите и семејството. Сега е друго, сега воопшто не пијам, можеби на вечера да се напијам само по некоја чаша вино“, изјави Кирјос.

Ник Кирјос оваа сезона го освои својот прв Гренд-слем турнир, Австралија Опен во парови, а во моментот го завзема 75. место на АТП листата.

Се вчитува...