Кирјос побара да се исфрли жена од публика: „Отстранете ја, испила 700 пијачки“ (ВИДЕО)

За време на финалето на Вимблдон, австралискиот тенисер Ник Кирјос цело време е деконцентриран и има примедби кон публиката. Така во еден момент побара од судијата да се избрка гледач на трибините.

Станува збор за женска особа која, според Кирјос, цело време му пречи во мечот.

„Седи во првиот ред и вон себе е колку е пијана. Зборува со мене за време на мечот. Брат, тоа е таа, изгледа како да испила 700 пијалоци. Ова е е…на шега“, му се обрати на судијата на паузата на третиот сет. 

Кирјос доби и предупредување од страна на судијата поради навредите кои неколкупати ги упати.

Се вчитува...