Кирјос пред финалето на Вимблдон: Роџер те молам победи!

Добро е познато дека контроверзниот австралиски тенисер со грчко потекло, Ник Кирјос е секогаш непријателски расположен кон Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал кои често ги обвинува за се и сешто.

Кирјос испадна на Вимблдон уште во 2. коло од Надал, а сега од својот одмор на Бахамите ја следи завршницата на грандслем турнирот. Па, пред денешното финале на Ѓоковиќ со Роџер Федерер испрати порака за швајцарскиот тенисер…

„Роџер те молам победи“!

 

Неодамна го нападна Ѓоковиќ изјавувајќи дека има „болна опсесија да биде сакан“.

„Имам чувство дека Новак сака да биде како Роџер. Мене лично тоа не ме интересира, но неговата желба да биде сакан страшно ме нервира“ – истакна тогаш Австралиецот.

Се вчитува...