Кировски и Македонија ЃП не се договорија за нова соработка

Македонија Ѓорче Петров не успеа да го задржи во своите редови напаѓачот Христијан Кировски. Преговорите за нова соработка не беа успешни и тој најверојатно ќе си замине од клубот од Ѓорче Петров, кој ова лето ќе настапува во квалификациите за Лигата на Европа, откако го освои петтото место во Првата фудбалска лига.

Кировски беше еден од најзаслужните за добрите игри на „лавовите“ и во првенството и во Купот на Македонија, каде Македонија ЃП стигна до финалето. Тој беше прв стрелец на ѓорчепетровци со 12 гола и трет стрелец во шампионатот. Постигна четири гола и во куп-натпреварувањето.

Се вчитува...