Кировски: Имаме добар старт на сезоната, но не смее да „летаме“ многу

Струга Трим Лум покажа дека ќе биде повеќе од тежок противник за секој тим на натпреварите пред своите навивачи, со уште еден триумф овој пат од 2-1 против Силекс во 3. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Стружани до трите бода стигнаа благодарение на двата погодоци на Христијан Кировски кој по победата, сепак, повикува на приземност и без многу летање Струга ТЛ од натпревар на натпревар да ги остварува своите цели.

„Знаевме дека играме против квалитетен и цврст противник, затоа не се залетувавме многу и трпеливо ги чекавме нашите шанси. Одигравме мудро и сосема заслужено стигнавме до победата. Мислам дека добро бевме подготвени за натпреварот знаејќи што не чека. Имаме добар старт на сезоната, но не сакаме воопшто да летаме во облаци, туку напротив мора да останеме цврсто на земја и додека не оствариме првата наша цел – опстанок во лигата, да не помислуваме на ништо друго“ – вели Кировски.

Се вчитува...