Кисела Вода домаќин на „Балкан Куп 2018“: Собир на таленти од Македонија, Србија и Бугарија

Под покровителство на градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, од денеска па до недела ќе се одржи „Балкан куп 2018“ на кој ќе настапат кошаркари на возраст до 14 години.

Љубителите на кошарката ќе имаат можност да проследат интересни дуели на таленти кои настапуваат во шест екипи од Македонија (ФМП Академија и Вардар), Србија (Актавис Лесковац) и од Бугарија (Балкан, Буба баскет и Пловдив). Средбите ќе се играат во салата „Независна Македонија“ во општина Кисела Вода.

Овој турнир кој ќе се игра по вторпат е започнат по идеја на Балкан од Ботевград. Обврска на секој клуб, кој е дел од овој турнир, е во текот на годината да организира по еден собир во својот град, додека на крајот од годината се одржува и еден завршен турнир за најдобрите учесници.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА „БАЛКАН КУП 2018“

Воедно, викендов во организација на КК Вардар во салата Кале ќе биде одржана и Балканска лига за кошаркари на возраст до 12 години. „Црвено-црните“, кои во последните години освоија бројни трофеи во младинските категории, ќе атакуваат на нов пехар, а покрај нив дел од ова натпреварување ќе бидат и македонските клубови ФМП и Ангели, бугарските Бултекс и Балкан, како и српскиот претставник Актавис.

 

Се вчитува...