Кит Го го ангажираше и младинскиот репрезентативец Давид Бошески

Пехчевскиот второлигаш Кит Го и дефинитивно за новата сезона во Втората лига – Исток го ангажираше младинскиот репрезентативец Давид Бошески.

Интересот на Кит Го за Бошески, кој доаѓа од редовите на Њу Старс од Скопје, трае од самиот старт на летните подготовки. Но, младиот фудбалер изминатиов период беше пред можност за продолжување на кариерата во Динамо Загреб. По минатиот тест период во хрватскиот шампион сепак се враќа во Македонија каде и официјално следната сезона ќе ја мине во редовите на Кит Го.

Давид Бошески е стандарден репрезентативец во кадетско-јуниорските селекции на Македонија.

Се вчитува...