Претходно Кит Го ќе одигра пријателски средби и со Кожуф на 25. јануари а потоа и со Беласица на 31. јануари во Дојран. Генералката пред стартот на пролетниот дел од шампионатот за фудбалерите на Кит Го ќе биде на 22. февруари со Пелистер.

По крајот на есенскиот дел од Кит Го заминаа Горан Пашовски, Никола Ристевски, голманот Марио Сандевски, офанзивецот Андреј Симевски и фудбалерите од средниот ред, Марио Крстов, Мелих Шерифов и Трајче Ефремов. Две нови имиња се Тони Мичковски, кој пристигна од Брегалница, и младинскиот репрезентативен голман Давид Денковски кој пристигна од редовите на Академија Пандев.