Кит Го си има свој Пеле – Мајсторијата на Алексовски која го одбележа колото во Втората лига (ВИДЕО)

Фудбалерите на Кит Го запишаа повеќе од заслужена победа од 2-0 против фаворизираната Беласица во 10. коло од Втората лига – Исток.

Двата погодоци за пехчевци ги постигна Дарко Алексовски – Пеле, од кои вториот дефинитивно вистинско ремек-дело кое го одбележа ова коло во второлигашката конкуренција… Популарниот Пеле начека одбиена топка на повеќе од 25 метри пред голот на Беласица и со прекрасен волеј-удар ја затресе противничката мрежа…

  • Прекрасниот погодок на Алексовски за 2-0 на Кит Го може да го погледнете на временскиот исечок – 0:40…

Се вчитува...