Интер се ближи кон крајот на многу успешна сезона, кога станува збор за домашниот фронт, што беше доволно за раководството на клубот да му понуди нов договор на тренерот Кристијан Киву.
Романецот го презеде тимот на крајот од минатата сезона, по заминувањето на Симоне Инзаги. И веднаш во првата сезона, тој ја освои двојната круна, Скудетото и купот, што беше прв пат „нероаѕурите“ да успеат да ги освојат двата домашни трофеи од познатата тројна круна во 2010 година.
Иако Интер направи драматичен чекор назад во Лигата на шампионите, елиминиран од Бода Глимт во осминафиналето, тоа не ги поколеба челниците на клубот од Милано да му дадат нов договор на Романецот.
Новиот договор е потпишан на две години со можност за продолжување за уште една година. Како тренер, Киву ги помина сите јуниорски категории на Интер од 2018 до 2024 година пред да ја преземе Парма во февруари 2025 година. Тоа беше неговата единствена независна работа се додека не се врати на „Џузепе Меаца“ во јуни истата година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
