Кристијан Киву заслужува само пофалби за начинот на кој успеа да ја надмине почетната криза на Интер и да го предводи овој тим до серија победи со кои „нероаѕурите“ се израмнија со Рома и со Наполи на делба на првото место на табелата во Серија А.
Интер синоќа играше дерби токму со Рома, и тоа на гостински терен успевајќи да стигне до минимална победа со голот што го постигна Бони во раната фаза на мечот.
„Момците ги заслужуваат пофалбите, не јас. Горд сум на овој Интер, на начинот на кој играме, но и на начинот на кој тренираме и ментално се подготвуваме за натпреварит. Повторно покажавме квалитет, создававме шанси, но потоа кога беше важно покажавме и зрелост, знаевме како да се повлечеме, да ги затвориме приодите кон сопствениот гол и да се одбраниме. Секогаш е тешко на првиот меч по репрезентативната пауза, кога немаш доволно време за подготовка, ние игравме на тежок терен против силна екипа, но успеавме да триумфираме и горд сум поради тоа“, изјави Киву.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

