Кизиќ: Бевме во егал до последните мигови, но беше тешко без неколку првотимци

Голманот на Еурофарм Пелистер, Марко Кизиќ ги сподели импресиите после натпреварот со Татабања, кој битолчани го загубија во финишот од средбата.

„Честитки за нашите противници за заслужената победа. Бевме егал со нив до последните мигови, но мора да потенцирам дека беше тешко без неколку стандардни првотимци. Направивме неколку грешки во двата правци и тие тоа го казнија. Имаме уште еден натпревар, треба да се одмориме и да се подготвиме, ни следува дуелот против АЕК“, рече младиот голман.

На крајот Татабања славеше 25-21 над македонскиот тим.

Се вчитува...