Кјаер: Најважно од се е што Ериксен е уште тука со нас…

Данците со право се разочарани по контроверзниот пораз од Англија во полуфиналето од ЕВРО 2020, но нивниот капитен Симон Кјаер потсети дека оваа селекција својата најголема победа ја забележа кога беше најважно – во борбата за живот на Кристијан Ерикен. Данскиот плејмејкер колабираше на премиерниот дуел со Финска, лекарите едвај му го спасија животот, а токму Кјаер беше еден од оние кои со благовремена интервенција секунди по колабирањето помогна Ериксен се уште да биде жив.

Тој денеска обелодени дека веднаш по поразот на „Вембли“ се слушнал со својот репрезентативен колега, од кога добил само пофални зборови.

„Накратко зборував со Кристијан Ериксен. Секако дека беше нервозен поради резултатот, како и сите ние, но исто така беше и горд на сето она што го направивме на овој шампионат. Тој е со своето семејство, ужива и се рехабилитира. Ова ЕП ќе го паметиме по многу работи, но наша најголема победа е што Кристијан е се уште овде со нас. Ништо друго не е толку важно како неговото здравје и јас сум благодарен на Бога што тој ја преживеа таа голема животна драма“, истакна Кјаер.

Се вчитува...