Кјелини: Јуве никогаш нема да игра како Реал, ниту пак Италија како Шпанија

Јувентус утре вечер ќе го пречека Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, реприза на ланското финале од елитното европско натпреварување. „Старата дама“ претрпе убедлив пораз во Кардиф минатиот јуни, но Џорџо Кјелини е оптимист дека неговиот тим извлекол поуки од тој натпревар и многу подобро ќе се прикажи во овој четвртфинален двомеч.

Едно треба да е јасно, Јувентус никогаш нема да игра како Реал Мадрид, ниту пак Италија ќе наметне стил на игра со голем посед како Шпанија. Тоа не значи дека нема да напредуваме, јас сум убеден дека научивме многу работи од тој пораз во финалето. Играме одлично сезонава, имам чувство дека овој тим на Јувентус е подготвен за големи нешта, но за да оствариме значаен успех потребно е најпрвин да го победиме Реал Мадрид. Тоа се натпревари во кои уживаат навивачите, но и ние фудбалерите“ – изјави Кјелини.

Се вчитува...