Кјелини ќе биде „фит“ за Милан и за Реал Мадрид, но се повреди Алекс Сандро

Раководството на Јувенстус денес соопшти дека нивниот дефанзивец, Џорџо Кјелини нема да ги пропушти важните натпревари против Милан во Серија А и првата четвртфиналан пресметка против Реал Мадрид во ЛШ. Кјелини се здоби со повреда на бутниот мускул од десната нога на мечот против Спал изминатиов викенд. Искусниот дефанзивец поради оваа повреда нема да биде во националниот состав на Италија за претстојните пријателски мечеви.

„По неколкуте тестови што ги направивме со Џорџо, утврдивме дека не се работи за посериозна повреда. Во следните денови ќе го следиме неговото закрепнување, но големи се шансите дека Кјелини ќе биде „фит“ за натпреварите против Милан и Реал Мадрид“, пишува во сооштението на клубот.

Во меѓувреме, обавувајќи ги репрезентивните обврски со Бразил се повреди Алекс Сандро, левиот бек на „старата дама“. Во најбрзо време ќе се одреди и неговата пауза, поточно ќе се знае колку сериона е неговата повреда.

Се вчитува...