Кјелини: Ќе разберев Бонучи да одеше во Реал, ама Милан…!?

Автобиографијата на Џорџо Кјелини периодов е омилениот извор на информации за италијанските медиуми, па веќе се издвојува уште еден детал од книгата на италијанскиот дефанзивец.

Кјелини во книгата критикува голем број фудбалери со кои на теренот се среќавал како противник, или како соиграч. Еден од нив е и Леонардо Бонучи кој во 2017 година Јувентус го замени за Милан.

„Неговата година во Милан беше многу поразлична од се друго вообичаено. Беше тоа навистина погрешен избор. Беше потресен од разно-разни причини и ја донесе таа одлука. Да бев таму сигурно ќе му помогнев да размисли, и сигурен сум дека ќе останеше во Јувентус“ – вели Кјелини и дополнува:

„Исто се случи и со Конте во 2014 година. Секогаш заминуваат кога мене ме нема. Зборував со Лео за се, немаше логика во таа постапка. Ќе разберев да одеше во Реал Мадрид, ама Милан…!? Судбината сакаше да се врати во Јувентус“.

Се вчитува...