Кјелини: Со храбра игра ја заслуживме нашата среќа

Јувентус успеа со голем пресврт во второто полувреме да слави на „Вембли“ со 1-2 и се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите, елиминирајќи го Тотенхем. Дефанзивецот Џорџо Кјелини вели дека тимскиот дух на Јувентус бил пресуден за триумфот во Лондон.

„Ова беше тежок меч, но таков дуел и очекувавме на „Вембли“. Иако имавме негатива по првото полувреме, истрчавме храбро во вториот дел и успеавме да направиме пресврт. Имавме и среќа, но мислам дека ја заслуживме со храбра игра. На вакви мечеви секогаш решаваат мали детали. Нашиот пат во ЛШ продолжува, а ние целиме кон Киев“, изјави Кјелини по триумфот против Тотенхем.

 

Се вчитува...