Кјелини: Жалиме што заврши само 0-1…

Јувентус експресно се рехабилитираше по разочарувачкото реми со Џенова од пред неколку дена, па вечерва во извонредна фудбалска претстава успеа да слави на „Олд трафорд“ против Манчестер јунајтед. Дибала беше стрелец на единствениот гол, но целиот тим на Јуве одигра беспрекорно и трите бода сосема заслужено одат на контото на италијанскиот првак.

„Одигравме извонредно прво полувреме, се движевме беспрекорно, имавме посед на топката. Да бидам искрен, жалевме што водевме само со 0-1, сметам дека и на крајот конечниот резултат требаше да биде поубедлив. Во вториот дел бевме малку изморени, но и внимателни бидејќи знаеме дека Манчестер е опасен од контранапади, но одлично си ја завршивме работата“ – изјави капитенот Џорџо Кјелини.

Јувентус успеа да врзе пет победи на гостински терен во ЛШ за првпат во својата историја, уште еден доказ за големите амбиции со кои „црно-белите“ влегоа во новата сезона од елитното европско натпреварување.

Се вчитува...