Ракометарите на Кјелце славеа убедливо против Пари Сен Жермен со 38-33 во натпревар од 6. коло во Лигата на шампионите. Клучно во мечот беше првото полувреме кое домаќините го добија со пет гола разлика 19-14. До крајот само го исконтролираа мечот за конечен триумф од 38-33.
Шико и Нахи со по шест гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените залудни беа осумте гола на Микел Хансен.
Во вториот меч од понудата од 18.45 часот Пик Сегед славеше над Алборг со 31-28.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА