Кјелце во луд финиш повторно ја „тресна“ Барса, Алборг му се реваншираше на Кил

Кјелце стигна до нов триумф над Барселона во Лигата на шампионите откако вечерва на домашен терен славеше со … Еден луд финиш на натпреварот во кој на пет минути до крај Полјаците успеаја да се вратат од минус три и на крајот да стигнат до триумф. Домаќините поведоа со 1-0, по што следеше серија на Барселона од 1-5 и го презедоа водството кое го држеа до една минута до крајот.

Сепак, домаќините одиграа најдобро кога беше најпотребно и стигнаа до конечен триумф од 29-27. Дујшебаев со осум гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Арињо постигна пет гола.

„Одмазда сервираше“ дански Алборг кој помалку и неочекувано успеа да слави над Кил со 35-33. По израмнетото прво полувреме, Данците одиграа подобро во вториот дел и успеаја да триумфираат со 35-33. Кристенсен со девет гола беше убедливо најдобар поедиенец во таборот на Данците, додека кај Кил, Екберг заврши со седум гола.

Се вчитува...