Кјелце знае како се победува во Барселона, Митревски и Порто декласирани од ПСЖ

Полскиот Кјелце и тоа како знае како се победува Барселона во нејзината неосвоива тврдина. Полјаците направија сензација совладувајќи го актуелниот европски шампион со 30-32. Ова е прв пораз за Каталонците на домашен терен од 2015 година, натпревар на кој полскиот тим исто така стигна до полниот плен.

Морито со седум гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Дика Мем и Нгесан постигнаа исто така по седум погодоци.

Никола Митревски и неговиот Порто доживеаја дебакл на гостувањето кај ПСЖ (33-19). Португалците беа уништени уште од самиот старт на мечот и во ниту еден момент не ја загрозија победата на Французите. Митревски натпреварот го заврши со пет интервенции. Најдобар поединец во победничкиот табор беше Сипжак со осум гола, додека кај поразените Итуриза заврши со пет гола.

Се вчитува...