КК Чаир: Тетекс да се срами од лагите што ги наведува

Кошаркарскиот клуб Чаир 2030 возврати со реакција на соопштението на КК Тетекс, истакнувајќи дека ривалот се служи со невистини.

КК ТЕТЕКС од Тетово треба да се срами од лагите што ги наведува. Навреди на национална и религиозна основа немаше во ниту еден момент за време на натпреварот. Вие сами сте побарале полициска придружба од страв дека ќе има одмазда од наша страна после тоа што се случи во Тетово , ама испадна дека за страв немаше место.

Во нашиот прв меѓусебен дуел во Тетово тешко ни беа оштетени четири возила, не навредувате на национална и религиозна основа во текот на целиот натпревар. Вчера во Чаир беше вистински КОШАРКАРСКИ ПРАЗНИК. Жал ни е што во оваа игра има секогаш еден победник, а уште пожалосно е што вие тоа не можете да го прифатите.

Ама не е ни човечки, ниту спортски, да се кажат невистини за да се прикрие поразот кој беше потполно заслужен на терен.

КК Чаир

Се вчитува...