КК Пелистер: Гостиварци имаат проблем со нашиот клуб… Тоа што се случи вчера е срам за кошарката

Актуелниот кошаркарски вицешампион на Македонија Пелистер со пораз од Гостивар од 91-79 ја почна новата сезона во македонксата елита.

„Пелистерци“ по натпреварот одигран во салата „Младост“ во Гостивар излегоа со соопштение во кое не се задоволни од пречекот кој го имаа во градот во западна Македонија.

Соопштението од КК Пелистер ви го пренесуваме во целост:

„КК Пелистер ја известува јавноста дека делегирањето на судиите на натпреварот од првото коло на кошаркарскиот шампионат на Македонија меѓу Гостивар и Пелистер не кореспондира на епитетот дерби на колото. Со својот критериум судиите директно влијаеја на текот на натпреварот и конечниот резултат. Исто така апелираме да се преземат мерки кон многубројните неофицијални лица кои беа присутни во салата, иако натпреварот требаше да се игра пред празни трибини и без присуство на гледачи. Присутните не само што го следеа натпреварот, туку и навиваа и дофрлаа. Исто така отворено прашуваме зошто претседателот на КК Гостивар, кој е и претседател на Здружението на клубови, постојано ја навредуваше нашата екипа и претставници, што се случува по вторпат годинава. По сите овие постапки можеме да заклучиме дека КК Гостивар има свој проблем само со нашиот клуб“, стои во соопштението на Пелистер. 

Се вчитува...