КЛ: Борац Бања Лука во судиското продолжение до триумф против Олимпија

Борац Бања Лука во чии редови настапуваат тројца македонски интернационалци триумфираше минимално со 1-0 против словенечка Олимпија во првиот натпревар од 1/16-финалето во Конференциската лига на УЕФА.

Домашните беа далеку подобри во второто полувреме па дури во судиското продолжение, во 91. минута со голот на Огринец дојдоа до погодок вреден победа.

Претходно, во 86. минута од средбата Деспотовиќ не успеа да реализира и пенал за Борац Бања Лука. Противничкиот голман Видовшек го одбрани неговиот удар од 11 метри.

Од македонските интернационалци, Колумбиецот Себастијан Херера кој е со македонски пасош, го одигра целиот дуел, Бобан Николов одигра 65 минути на средбата, а репрезентативниот голман Дамјан Шишковски остана на клупата за резервни фудбалери.

Бетис е веќе блиску до осминафинале откако славеше на гости против Гент со 0-3, а Хајденхајм славеше со 1-2 на гостувањето против Копенхаген.

Се вчитува...