Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов и неговата Јагелонија триумфираа со 1-3 на гостувањето против ТСЦ во Бачка Топола во првиот натпревар од 1/16-финалето во Конференциската лига на УЕФА.
Домашните први поведоа на мечот со голот на Мбунгу во 28. минута од средбата, но по само три минути израмнија Полјаците со голот на Имаз.
Пресвртот за Јагелонија јго донесе Пулулу во 81. минута, а Имаз во 89. минута со својот втор гол ги постави конечните 1-3.
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов како стартер играше до 70. минута од средбата, пропуштајќи две убави можности и да се запише во листата на стрелците.
Во останатите три натпревари од 1/16-финалето, Целје ремизираше (2-2) со АПОЕЛ, а Шамрок изненадувачки славеше со 0-1 на гостувањето против Молде. Изненадување приреди и исландски Викингур победувајќи со 2-1 против Панатинаикос, кој имаше и негатива од 2-0 но во 91. минута преку Јоанидис успеа да постигне гол за каков-таков „позитивен“ резултат пред реваншот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА