КЛ: Фејенорд повторно убедлив со Партизан, во следната фаза и Рома, Паок и Славија Прага

Фејенорд, Рома, Паок и Славија Прага им се приклучија на Марсеј, ПСВ, Лестер и Бодо/Глимт во четвртфиналето од Конференциската лига откако во реванш дуелите успеаја да стигнат до значајна победа или пак да ја задржат предноста стекната во првиот натпревар одигран пред една седмица.

Фејенорд повторно беше убедлив против белградските „црно-белите“ славејќи на домашен терен со 3-1, додека Рома и покрај ремито со 1-1 на крилја на победата од 1-0 на првиот меч стигна до следната фаза.

Таму е и Паок кој по победата од 1-0 во Солун славеше и со 1-2 на гостувањето кај Гент, додека Ласк и покрај победата од 4-3 над Славија Прага не успеа да ја надокнади негативата од 4-1 од натпреварот во Чешка.

Се вчитува...