КЛ: Марсеј, ПСВ, Лестер и Бодо/Глимт први до четвртфинале

Марсеј, ПСВ, Лестер и Бодо/Глимт први го осигураа своето место во четвртфиналето од Конференциската лига. До нив дел од тимовите стигнаа до големи победи во реваш дуелот, а дел благодарение на предноста стекната по првиот меѓусебен меч.

Марсеј кој имаше предност од 2-1 по првиот натпревар против Басел, славеше со идентичен скор и на реваншот во Швајцарија. До победа францускиот тим го предводеа Ундер и Ронгиер, додека за домаќинтие стрелаше Ндоје.

ПСВ пак беше убедлив на гостувањето против Копенхаген со 4-0 со што помина во следната фаза со вкупен резултат 4-8. Захави со два гола, Готце, Мадиеке беа стрелци за Холанѓаните во големата победа.

Лестер пак беше претрпе пораз од 1-2 на гостувањето кај Рен, но благодарение на предност од 2-0 по првиот меч одигран во Англија стигна до следната фаза. Домаќините поведоа преку Буриџо, а откога Фофана го изедначи резултатот пирова победа за Французите донесе Таит.

Последниот патник во четвртфиналето беше одлучен по продолженија, а во нив Бодо/Глимт се избори за место во следната фаза со голот на Самстед во 106. минута за конечни 2-2, односно конечна победа од 4-3.

Се вчитува...