КЛ7 до прв бод против Струга, Јуниор лесно против Астраион

Младиот тим на КЛ7 се покажа како „жилав“ противник на гостувањето кај Струга, успевајќи да стигне до првиот бод во елитното натпреварување откако ремизираше 23-23. Добрите одбрани доминираа во текот на целиот меч, а првите триесет минути и двата тима ги завршија со едноцифрен број на голови (8-9). Вториот дел продолжи во егал, а во финишот КЛ7 со гол со звукот на сирената успеа да стигне до првите бодови во Суперлигата. Најефикасен на мечот беше Пеце Рајатовски од Струга со 6 гола, додека еден помалку постигна бекот на КЛ7 Емилијан Ѓоговски.

Во вториот меч од денешната програма РК Јуниор без поголеми проблеми стигна до првата победа откако го совлада струмички Астраион со 30-23. Домаќинот во финишот на првиот дел успеаја да се одлепат и на пауза да одат со позитива од четири голови разлика 23-19. Во вториот дел предноста само се зголемуваше за конечни 30-23. Жарко Бајрактаровиќ со 8 гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените Васе Наков постигна 11 гола.

Се вчитува...