КЛ7 е пресилен за Астраион

Младиот тим на КЛ7 и покрај тоа што ги загуби шансите за плеј-оф одигра феноменален натпревар во кој го декласираше струмички Астраион со 38-22.

Домаќините почнаа фуриозно и по десет минути играа имаа неверојатно водство од 9-1. До крајот на првиот дел продолжија во ист ритам, по што на пауза се замина со позитива за КЛ7 од 21-9. Во вториот дел домаќините само рутински го приведоа мечот до самиот крај стигнаа до конечен триумф од 38-22.

Емилијан Ѓорговски со осум гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените се истакна Славе Јанковски исто така со осум гола.

Се вчитува...