КЛ7 пружи отпор, но немаше сила да го изненади и Охрид

Младите ракометари на КЛ7 одиграа уште еден одличен натпревар, овој пат на гостувањето кај фаворитот Охрид. И покрај одличниот отпор на КЛ7, сепак поискусниот тим на крајот славеше со 27-24.

Првото полувреме беше израмнето, а домаќините на полувреме заминаа со само еден гол предност. 16-15. Во вториот дел охриѓани ја стегнаа одбраната и успеаја да стигнат до нов триумф во Суперлигата.

Мартин Манасков со седум гола беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека кај поразените се истакна Кристијан Симоноски со четири гола.

Се вчитува...