КЛ7 со тесен пораз од Е. Пелистер 2, Охрид убедлив против Тиквеш (ФОТО)

Ракометарите на Голден Арт КЛ7 со минимален пораз ги стратуваа подготвителните натпревари за престојната сезона. Во салата „Тодор Александров“ во Охрид, младите ракометари на КЛ7 загубија од вториот тим на Е. Пелистер со 21-23.

Натпреварот во целиот свој тек беше неизвесен, и ниту една екипа немаше предност поголема од два разлика. На полувремето битолчани имаа предност од 12-11.

Кај Голден Арт КЛ7 поради повреди не настапија Никола Цветаноски, Емилијан Ѓорговски и Андре Буторац, но и без нив нашиот тим одигра солиден подготвителен натпревар. Димовски и Ѓеоргиев со пет гола беа најефикасни во редовите на КЛ7.

Охриѓани убедливи против Тиквеш

Ракометарите на Охрид, пак, триумфираа против кавадаречки Тиквеш.

На натпреварот кој се одигра во салата на СРЦ „Билјанини извори“, охриѓани победија со 33-21 (17-14).

Се вчитува...