Клајстерс и Родик влегуваат во „Куќата на славните“

Поранешните светски рекети број еден, Ким Клајстерс и Енди Родик, се меѓу петмината што денеска ќе влезат во тениската куќа на славните. Покрај Клајстерс и Родик, дел од историјата ќе станат и параолимписката тенисерка Моник Калкман ван ден Бош, потоа тенискиот историчар и новинар Стив Флинк, како и тенискиот инструктор Вик Брејден.

Клајстер (34 години) стигна до титулите на УС Опен во 2005, 2009 и 2010 година, за во 2011 да се закити и со трофејот на Австрлија опен. Таа мина само 19 седмици на врвот на ВТА-листата, но оствари фантастичен успех враќајќи се на терените по раѓањето на својата ќерка и освојувајќи гранслем титула.

Чест ми е да станам дел од одбраното друштво на легенди на кои им се восхитував додека растев, или против кои имав чест да играм“ – изјави Клајстерс.

Енди Родик ја имаше несреќата поголемиот дел од кариерата да игра против Роџер Федерер, од кого загуби четири финалиња. Американецот сепак освои една гранслем-титула, на УС Опен во 2003 и мина 13 седмици на чело на АТП-листата.

Прекрасно е, навистина специјално чувство е да се знае дека се станува ддел од тениската историја. Честа е огромна, бидејќи сите знаат колку го сакам овој спорт“ – кратко прокоментира Родик.

Се вчитува...