Клајверт добива отказ во ПСЖ на крајот од сезоната

Пари Сен Жермен загуби синоќа од Ница со 3-1 и тоа најверојатно ќе биде клучниот пораз за губење на шампионската трка со Монако во домашниот шампионат. Претседателот Насер Ал – Келаифи најави дека ќе има многу промени во клубот ова лето, а се чини дека прв отказ ќе заработи спортскиот директор Патрик Клајверт. Проценката е дека тој промаши неколку засилувања кои пристигнаа на „Паркот на принцовите“ минатото лето и ќе мора да го понесе својот дел од одговорноста.

Како ново можно решение за функцијата спортски директор на Пари Сен Жермен се наведува името на Антеро Енрике. Тој долги години работеше во Порто и во тој клуб ги доведе Хулк, Фалкао, Хамес Родригез, Пепе, Џексон Мартинез, Лисандро Лопез…Важи како многу близок до португалскиот суперагент Жорге Мендеш, кој е менаџер на дел од најголемите фудбалски ѕвезди на денешницата. ПСЖ ќе се обиде со негов ангажман, потоа да допре и до неколку големи ѕвезди на европскиот и на светскиот фудбал.

Се вчитува...