Клајверт ја израдува Валенсија против Осасуна

Валенсија за момент ја избегна опасната зона во шпанската Ла Лига, со победата вечерва над Осасуна. Минимален триумф на избраниците на Рубен Бараха од 1-0, со тоа што Валенсија промаши и пенал во финишот од средбата.

Трите бода ги донесе голот на Џастин Клајверт во 74. минута. Тој најдобро се снајде во шеснаесетникот и усепа да погоди во голот.

Во 91. минута досуден пенал за Валенсија по асистенција на ВАР, но ударот на Дуро го одбрани Ерера кој го остави тимот на Осасуна во живот, но не успеа да дојде барем до бод.

Се вчитува...