Класата е вечна: Ремек-дело на Руни за нова победа на Дерби (видео)

Вејн Руни и на залезот на кариерата е велемајстор на фудбалската игра, враќајќи го Дерби во игра за влез во Премиер-лигата. Англискиот ас блесна на денешното гостување против Престон, постигнувајќи го единствениот гол за победа од 0-1, со мајсторски изведен слободен удар од дваесетина метри.

Ова беше петти триумф во низа за Руни и соиграчите, кои сега заостануваат само еден бод зад шестопласираниот Кардиф, во битката за место во плејофот за пласман во Премиер-лигата.

Се вчитува...