„Класика“ без Роналдо, „старата дама“ му се поклони на Асенсио

Марко Асенсио беше човекот на одлука на синоќешната пресметка меѓу Реал Мадрид и Јувентус, во која како победници излегоа „кралевите“ триумфирајќи со 3-1. Кристијано Роналдо воопшто не допатува во САД да настапи против својот поранешен клуб, и кај двата тима недостигаа по неколку стандардни првотимци, но како пресудно се покажа влегувањето во игра на Асенсио  во второто полувреме.

Јувентус прв дојде во водство со автоголот на Карвахал, по што Реал ја презеде иницијативата. Герет Бејл со еврогол израмни пред крајот на полувремето, за во вториот дел да блесне Асенсио. Шпанскиот репрезентативец влезе во игра на местото на Иско и постигна два погодоци, на асистенција на Лукас Васкез и на Винициус, за заслужена победа на „кралевите“.

Се вчитува...