Клатенбург: Еве зошто Скомина е во право, но ова е пенал само во ЛШ…

Дамир Скомина е жестоко критикуван дури и од дел од британската јавност за пеналот досуден во судиското продолжение во корист на Манчестер Јунајтед. Сепак, во одбрана на Словенецот застана Марк Клатенбург, откако британскиот арбитар објасни дека Скомина ја донел висинската одлука целосно почитувајќи ги правилата на кои инсистирала УЕФА во последните неколку месеци.

„Една работа да биде јасна, Дамир Скомина целосно ги почитуваше правилата на УЕФА кога го досуди тој пенал за Манчестер Јунајтед. Во ПСЖ ќе бидат бесни, тоа е разбирливо, па и јас лично не верувам дека ова е пенал бидејќи Кимпембе не играше намерно со рака. Сепак, тоа во случајов не е важно бидејќи УЕФА во последните месеци испраќаше децидни инструкции кон судиите – не се зема во предвид намерата, туку дали раката е залепена за телото. Да не заборавиме, сличен пенал беше досуден и за Шалке против Манчестер Сити пред две седмици, Отаменди немаше намера, топката го удри во рака, а судијата покажа на белата точка. Ова нема да се свири во Премиер-лигата и доколку се воведе ВАР, но инструкциите на УЕФА за средбите од Лигата на шампионите беа децидни и Скомина само ги спроведе на дело“ – истакна Клатенбург.

Се вчитува...