Кличко е вистински господин – доби овации во Лондон: Ве сакам, ви благодарам… (видео)

Легендарниот украински боксер Владимир Кличко загуби во Лондон од Британецот Ентони Џошуа со нокаут во 11. рунда во битката за светската титула во тешка категорија.

Џошуа стана нов светски шампион, обединувајќи ги појасите во ИБФ, ВБА и ИБО верзиите, но Кличко го покажа уште еднаш својо господски карактер и зошто е омилен во светот. Доби овации и во Лондон, останувајќи без зборови…

„Лондон, Лондон… Ве сакам и јас. Се надевам дека уживавте во борбата. Вечерва победи подобриот. Ова е голем настан за боксот. Два џентлмени се бореа еден против друг, а Ентони беше подобар. За мене е тажно што не успеав да победам. Планирав, но едноставно не одеше. Сепак, огромна почит за Ентони, навистина му честитам“ – рече Кличко.

Украинецот дополни и дека во договорот за овој меч има клаузула за реванш против Џошуа, па било каков разговор за борба против Тајсон Фјури би можел да биде запрен.

Се вчитува...