Клиперс го сопреа Букер за прва победа во финалето на Западот (ВИДЕО)

Лос Анџелес Клиперс стигнаа до првата победа во финалната серија на западната конференција откако на домашен терен славеа со 106-92 во третиот натпревар. Клучна за победата беше третата четвртина која тимот од „Ел-Еј“ ја доби со 34-21 и во последните десет минути влезе со предност од 14 поени (83-69). Феникс успеа да ја преполови негативата, но немаше сили за целосен камбек.

Пол Џорџ беше првото име кај домаќините со 27 поени, 15 скока и 8 асистенции, Реџи Џексон додаде 21 поен, додека дабл-дабл од 15 поени и 16 скока имаше Хрватот Ивица Зубац. Деандре Ејтон беше предводник на тимот од Аризона со 18 поени и 9 скока, додека Девин Букер беше запрен на 15 поени на кои додаде и 5 асистенции и 5 скока.

Се вчитува...