Клиперс и Атланта до брејк, на чекор до конференциско финале (ВИДЕО)

ЛА Клиперс успеа да направи брејк и да поведе со 3-2 во серијата против Јута Џез откако ја совлада на гостувањето во Солт Лејк Сити со 111-119. Иако играа без првата ѕвезда, Каваи Ленард, Пол Џорџ го предводеше тимот од ЛА со 37 поени, а одлични беа и Маркус Морис и Реџи Џексон кои постигнаа по 25, односно 22 поени. Кај поразените Бојан Богдановиќ заврши со 32 поени.

На чекор до Конференциско финале е и Атланта Хоукс која триумфираше против Филаделфија 76 со 106-109. Тре Јанг со 39 поени беше најдобар поединец во таборот на Хоукс, додека кај Филаделфија Ембид заврши со 37, а Сет Кари со 36 поени.

 

Се вчитува...