Клиперс закажаа финале со Феникс на Западот, на Истокот следат драматични полуфинални мајсторки (ВИДЕО)

Додека се познати финалистите на Западната конференција во НБА лигата, на Истокот ќе се игра мајсторка во двете полуфинални пресметки.

Атланта на домашен терен имаше можност да дојде до финалето, но загуби од Филаделфија со 99-104, па сега во серијата е 3-3. Беше тоа меч со две лица пред 17.000 гледачи. Атланта во првиот дел имаше двоцифрена предност, за да Филаделфија во вториот дел дојде до победа.

На домашните не им помогнаа ниту 34 поени и 12 скока на Јанг, додека Кари и Херис со по 24 поени предводеа кај гостите. Ембид имаше 22 поени, дополнети и со 13 скока.

На Западот вториот финалист е ЛА Клиперс кои со 4-2 ја елиминираа Јута. Во Стејплс центарот беше убедлив триумф на Клиперс од 131-119, па сега во финалето ќе играат против Феникс.

Мичел со 39 поени беше одличен кај Јута, а исто толку поени запиша и најефикасниот кошаркар на Клиперс, Ман. Џорџ дополни со 28 поени а Џексон – 27 поени. Бојан Богдановиќ мечот го заврши со 14 постигнати поени.

Се вчитува...