Клоп: Атлетико се вистинска машина, ако се во елемент може да не ни дозволат ни да шутнеме кон голот

Европскиот првак Ливерпул утревечер ќе му гостува на Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“ во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, а менаџерот Јирген Клоп има голем респект за ривалот. Вели дека составот на Диего Симеоне секогаш има борбен карактер и доколку е во елемент на Ливерпул ќе му биде навистина тешко.

„Не знам зошто велите дека Атлетико Мадрид не е во форма. Тие секогаш се екстремно борбени и ќе сторат се за вие да не се чувствувате пријатно на теренот. Ако бидат во елемент, може да не ни дозволат ниту да шутнеме кон нивниот гол. Ги загубија Гризман, Хуанфран, Габи, но повторно се силни и играат максимално на секој натпревар. Сепак, ние сме подготвени сме голема борба и се надеваме дека ќе извлечеме поволен резултат“, изјави Јирген Клоп.

Тој потенцираше и дека Диего Симеоне е еден од најдобрите тренери во Европа и светот и со огромна енергија го предводи составот на Атлетико Мадрид на секој меч.

Првиот осминафинален натпревар меѓу Атлетико Мадрид и Ливерпул е закажан за утревечер на „Ванда Метрополитано“ во 21 часот, а во Дортмунд тимот на Борусија ќе го пречека Пари Сен Жермен.

Се вчитува...