Клоп: Дури и најдобрите можат да се победат…

Англиска пресметка ќе има вечерва на „Енфилд роуд“, а гостува лидерот на табелата во Премиер – лигата, тимот на Манчестер сити. Но, ова е дел од Лигата на шампионите, па менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп, смета дека неговиот состав има реални шанси да се надева на пласман во полуфиналето на елитното европско натпреварување.

„Ние сме горди со нашата историја, а момците се подготвени да испишат уште една важна страница. Мотивирани сме да го дадеме најдоброто од себе. Никогаш не сум го победил Гвардиола, но во фудбалот, верувајте, можат да се победат и најдобрите. Ќе се потрудиме тоа да го сториме токму сега“, најави Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, во пресрет на вечерашната пресметка против Манчестер сити.

 

Се вчитува...