Германскиот стратег Јирген Клоп по успешните години поминати во Ливерпул се одлучи за голема промена во кариерата, заминувајќи од тренерското место на „Енфилд“ и ја прифати функцијата шеф на глобален фудбал во компанијата Ред Бул.
Клоп во повеќе наврати изјави дека нема да намера да се врати во клуб како тренер, но сега гостувајќи на подкастот „The Diary of a CEO“ остави шанса спектакулраениот камбек да биде токму во Ливерпул.
„Веќе кажав. Никогаш нема да водам друг тим во Англија… така да, теоретски, еден ден би можел да се вратам во Ливерпул. Го сакам тоа што го правам сега и не ми недостасува тренерската работа. И понатаму тренирам, но на еден друг начин. Не ми недостасува да сум на дожд два, три часа, ниту пак конференциите за медиумите и безбројните интервјуа секоја недела.
Не ми недостасува ниту соблекувалната. Водев преку 1800 натпревари, бев со соблекувалната многу повеќе отколку што е доволно и не сакам да го завршам животот во една затоа што таму е убаво. Напротив, смрди… да бидеме искрени“, изјави Клоп повторно оставајќи можност за промена во иднина.
„Имам 58 години. Од една страна тоа е многу, од друга и не е. Реално можам да донесам одлука и за неколку години. Не знам. Ако морам да одлучам денеска, не би се вратил. Но, фала му на Бога и не морам. Можам да го пуштам времето да тече во свој тек. Моментално работам на проект кој го сакам“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

